Најголемиот дел од македонските телевизиски гледачи добро знаат која е Мира Адања-Полак. Ја паметиме од времето пред 20-ина години кога беше во екипата на "Белградската хроника" и на таа "градска" емисија и даваше малку гламурозна, интернационална димензија. Уште тогаш се издвои како новинарка, која успева да стигне до славните личности и да ги донесе пред својата камера. Списокот на нејзини соговорници е импресивен: Софија Лорен, Јованка Броз, Џемс Вудс, Хенри Кисинџер, Ерика Јонг, Карл Малден, Оријана Фалачи, Вили Брант, Индира Ганди, Рудолф Нуреев, Дејвид Рокфелер, Мстислав Ростропович, Кирк Даглас…
Покрај интервјуата, Адања-Полак има снимено повеќе од 150 документарни емисии со наслов "Ексклузивно", заради кои најмалку еднаш месечно патува на атрактивни локации во светот, и сретнува интересни луѓе. Така, беше меѓу јапонските сумо борачи, меѓу гејшите, во аукциската куќа "Кристис", во "Скотланд јард"… Нејзини текстови и прилози биле пласирани во повеќе странски, претежно британски и американски, списанија и телевизии, вклучувајќи ги "Ај-ти-ен", "Ен-би-си", "Пипл магазин", "Ројалити магазин", истражуваше за "Корт телевижн" од Њујорк и беше консултат на големата американска комерцијална телевизија "Еј-би-си". Запишана е во Меѓународниот зборник на Биографскиот центар во Кембриџ и во Зборникот на британската унија на слободни новинари. Моментно, имаме можност да ја гледаме преку кабелските и сателитските програми, секоја недела во 16.02 часот на српската државна телевизија, во емисијата "Мира Адања-Полак и Вие". Наскоро, можеби, ќе оствари две од своите нереализирани професионални амбиции – да сними емисија во Охрид и за семејството на Тијана.
До почетокот на 90-тите години бевте едно од водечките новинарски имиња на просторите на поранешна Југославија. Дали во последните 15 години го почувствувавте тоа "скратување на просторот"?
– Јас никогаш не сум била во прокламираниот врв на новинарската професија, ниту сум била "водечка", но ако Вие мислите така, тогаш можно е да сте добиле таков впечаток, бидејќи носев ексклузивци кои на другите им беа тешко дофатливи, како и денес. Мислам дека цега имам повеќе простор со самото тоа што уредувам и водам авторска емисија секоја недела, како и своја документарна серија, "Ексклузивно", еднаш во месецот.
Списокот со имиња на познати личности со кои сте правеле интервју е импресивен, како да е позајмен од музејот "Мадам Тисо". Ха кој од тие разговори најмногу сте горда?
– Можеби на разговорот со Граф фон Шатуфенберг, синот на атентаторот на Хитлер. Бев првата на светот со тоа интервју, со кое покажав дека не постојат виновни нации и оти Германија, исто така, имала свое движење на отпорот, за кое ние не сме знаеле ништо. Таткото Шатуфенберг бил обесен со своите доучесници. Многу луѓе во тоа време страдале во нацистичка Германија, а историјата остана нема за тој податок од минатото. Значајно ми е и интервјуто со Јованка Броз затоа што добив слика, која е сосема поинаква од оние што ни беа презентирани во читанките и во медиумите. Ја имав таа чест да поминам со неа прилично време и да забележам се. Сакам да се занимавам со вистините.
Дали некое интервју или приказна Ви останале нереализирана желба?
– Се разбира дека има и такви. Јас "згрнувам многу вода во рацете", на нешто мора да остане. Но, никогаш не се трауматизирам, ниту некој неуспех или одбивање ме прави несреќна. Моја работа е да барам, а тие да "не даваат". Затоа, јас повторно ќе побарам, се додека не добијам. За мене, тој што го интервјуирам е личност која ме интересира, и оценувам дека ако ме интересира мене, тогаш веројатно ги интересира и гледачите. Можеби имам цпеќа тоа да се поклопи, на програмата е гледана без посебни мешетарења.
Која од личностите со кои сте разговарале Ви остави најмногу поинаков впечаток отколку што сте го имале за неа пред да ја запознаете?
– Јованка Броз и Оријана Фалачи. Особено Оријана Фалачи, која обично ја прикажуваат како жена-карпа, жена-челик. Никогаш нема да го заборавам нејзиниот експеримент со мене. Рече дека ќе ми се јави за интервјуто, бидејќи и го дадов мојот телефонски број и пркосно и реков дека сме "колешки". И тогаш и цега тоа беше многу далеку од мене. Ми се јави вечерта, и јас отидов на интервју во нејзиниот хотел каде отседна во Белград и таму ја видов новинарката сама, без семејство, опкружена со цвеќиња и ласкави писма за нејзината совршена кариера. Тогаш си реков себеси: "Ова не го сакам". И успеав во тоа. Значи, ја работам својата работа најдобро што умеам.
Неодамна, во интервју за "Теа модерна", уредникот во Хрватската телевизија, Горан Милиќ на прашањето, зар на негови години не го заморуваат долгите професионални патувања, одговори: "Апсолутно не, новинарството е една од најлесните професии, особено за постар човек. Може да биде тешка само во првите 10-15 години, додека не ги научите финесите на занаетот". И Вие прилично патувате професионално, на дали го делите неговото мислење, односно дали Вам цега Ви е потешко или полесно отколку што беше некогаш?
– Горан Милиќ е мој драг колега и голем професионалец, кој ја знае работата и морате да му верувате. Постојат механизми со кои го штедите сето она што е важно. Јас патувам како "пакет", а се вклучувам само кога ми е важно. Додека порано се сретнував со луѓе во авионите, цега сакам да бидам сама и секогаш љубезно молам да ми ги "блокираат" седиштата, доколку е тоа возможно. Внимавам да не го губам времето залудно. Тука не спаѓаат моментите кога не работам баш ништо и демонстрирам "мрзливост во оригинал". Секогаш сум знаела што не сакам, а цега тоа го знам уште подобро. Хе се занимавам со работите кои не ме интересираат само затоа што тоа е тиражно и затоа што ја зголемува гледаноста. Тоа не морам да го работам. Одам по својот пат. АКО ме прашаат кој е тој пат, јас ни цега не умеам да го покажам. Тоа е некој мој пат, кој ме одржал на ридестиот, нестабилен Балкан.
Во едно интервју изјавивте дека родителите биле против тоа да станете новинарка и оти Вашиот татко Ви рекол дека во оваа нпофесија можеби ќе се соочите со нешта што ќе ве доведат во морална дилема. Дали имавте такви искуства?
– Засега не, бидејќи не им се приближував на работите кои се невистинити, а од новинарите се очекувало да ги поддржат или да ги зацврстат. Се чувам од се што не е во мојот домен, кој јас можам да го контролирам. Се чувам од луѓето што лажат, иако тие тоа го прават така убедливо што ни самата не можам да верувам како сум ја забележала нивната лага. Тогаш малку си се восхитувам себеси. Колегите ми велат дека станува збор за вродена интуиција.
Кое е најважното правило што Вие го применивте при воспитувањето на Вашиот син?
– Многу го сакам и не очекувам од него да биде успешен, ни славен, ниту да свири некој инструмент, или да е прв. Нека биде среќен, здрав и свој. А тој е таков, и тоа ми е доволно.
Дали работата Ви остава доволно време за куќата, семејството, секојдневните обични работи?
– Секако, бидејќи јас сум жена, а не машина. Па, ако ги нема обичните работи, кои ги забележувам и ги сакам, не би можела да ги забележам ниту оние необичните, кои ме привлекуваат во работата. Само затоа што живеам со обичните, едноставни работи околу себе, знам што е чудно и различно, а со самото тоа и интересно за мене и за гледачите.
Дали Бе плаши своевидната ренесанса на "националниот романтизам", која евидентно се враќа во Србија, како последица на разочарувањето од случувањата по 5 октомври?
– За мене не постојат датуми. Често и не знам кога нешто сум снимила. За мене постојат само суштински промени во луѓето, начините на размислување, навиките. Уште многу работи ќе се случат додека ги согледам суштинските промени во своето опкружување.
Дали некогаш се чувствувате фрустрирано кога одите во странство, затоа што доаѓате од овие простори? Се менува ли полека имиџот на Балканот во светот?
– Никогаш не сум се чувствувала фрустрирано, ниту сум имала непријатни искуства. Никој не го нападнал или не го навредил она што го работам. Секогаш сум знаела која сум, од каде доаѓам, дека работам на Националната телевизија и оти својата професионална задача ја завршувам најстручно што умеам. Во ниту еден момент не сум имала оптоварување од тој вид. Многу патував и бев воспитана да знам каде ми се корените. Но зар во прашањето не Ви се содржи и одговорот? Па "националниот романтизам" е неопходен кога некој сака да ви го исече коренот. Тоа е само привремена реакција.
Затоа ли досега не отидовте да работите за некоја странска новинска куќа, иако соработувавте со повеќе големи западни медиуми? Веројатно таму би имале подобри услови за работа. Или можеби не…?
– Балканот е предизвик за сите странски новинари. Нема многу луѓе во нашата професија кои го познаваат Балканот. Познавав само неколку од нив, на кои им се восхитував колку стручно им приоѓаат на своите репортажи. Балканот за сите нив е поле на кое треба да ги докажат своите способности за разбирање на различностите. Мене и цега вратите ми се отворени, но никогаш не размислував да отидам. Проект – да, авторски пристап – секако, но постојано заминување – не, бидејќи мислам дека таму не би имала толку идеи како овде, без оглед на условите, кои секако се подобри, но не и поинспиративни. Велат дека секој Словен што отишол на Запад повеќе не бил толку инспириран, ниту продуктивен како во своето гнездо каде се мачел. Инспирацијата е чудо.
Дали на иднината гледате повеќе оптимистички или песимистички?
– За мене иднина е следната недела кога на програмата ќе биде емисијата "Ексклузивно" со наслов "Фабрика на соништата", која ја снимив како гостин на студиото "Ворнер Брос", во кое директорот ме водеше по пунктовите за снимање и каде од близина видов како се прават филмовите. Потоа бев во старскиот дом и ги видов актерите што повеќе не се во "оптек". Ете, тоа за мене е иднината – следната емисија, мал одмор до повторното живо емитување на програмата во недела "Мира Адања-Полак и Вие".
Што читате моментно?
– Книга за гејшите и за Јапонија, како и карти на далечните предели.
Никогаш досега немате снимено прилог во Македонија. Каков материјал од кај нас би сакале да им презентирате на Вашите гледачи?
– Точно е, никогаш не сум снимала кај вас, а голема желба ми е да дојдам на Охридско Езеро и да разговарам со луѓето за старите денови кои веќе ги нема. Исто така, многу сакам да ја гледам и да ја слушам пејачката Тијана Дапчевиќ, која вели дека често оди кај родителите во Македонија. Тоа би ме интересирало да го снимам – неа со семејството и пријателите во домашен амбиент. Тијана е предизвик затоа што има голем талент.
(Миодраг Мишолиќ, ТФА, Македонија, 15. фебруар 2006)
Lakše ćete pratiti šta radim i emisije koje želite da pogledate ako preuzmete aplikaciju za Android i iPhone.
